,,Децата помнат многу од она што го доживуваат во детството и тоа влијае во голема мера врз односот кон себе и кон другите. Посетата на галеријата и создавањето уметност е едно од таквите сеќавања. Убаво е чувството кога знаеме дека креираме весели спомени за нив."- напиша во каталогот на изложбата ,,Шемов и јас" Маја Димитрова - едукатор во Даут пашиниот амам.
Токму такви чувства побуди овој проект на галеријата. Учесници од нашето училиште беа Сара Стојановска, Софија Ацевска, Ангела Трпевска и Теодора Томческа од 9-1 одделение, под водство на наставничката Валентина Терзиева и со поддршка од библиотекарката Наташа Старделова. Пред еден месец беше работилницата, а денес на 10.11.2023 година беше свеченото отворање на изложбата со нивните дела. Навистина прекрасно доживување.
Повеќе за работилницата прочитајте тука https://nas-zbor.blogspot.com/2023/10/blog-post_65.html?m=1
No comments:
Post a Comment