Во Детската недела има еден голем и значаен ден кој се празнува во целиот свет, тоа е 5 ОКТОМВРИ- ДЕНОТ НА УЧИТЕЛОТ. Има ли поблагородна професија во кое било општество од учителската професија. Да се биде учител, воспитувач, наставник, професор е најубавата, но во исто време и најодговорна професија која бара многу посветеност и одрекување. Да бидеш учител, значи да бидеш исправен пред големи предизвици, да бидеш столб во градењето на една индивидуа и креатор на една млада личност со изградени морални вредности, доблест, почит, самодоверба, искреност и толеранција.
Љубовта кон знаењето што учителот им ја пренесува на учениците е клучна кон патот на знаење што нема граници… Се' што ќе научите од учителот – сите нови работи претставуваат безвременско задоволство и богатство што не може да ви биде одземено. Образованието ја негува самодовербата. Самодовербата ја негува надежта. Надежта го негува мирот. Образованието не претставува подготовка за живот, самото образование е живот.
Среќен да ни е Денот на учителот.
No comments:
Post a Comment