На ден 28.09.2023 година се изведе заедничко другарување, возење на велосипед и посета на археолошкото наоѓалиште „Градиште“, во близина на селото Таор, со нашето партнер училиште „Наим Фрашери“ од село Студеничани. Од нашето училиште учесници беа учениците Петар Велкоски и Јана Цветановска од 7-2, Максим Ѓеорѓиевски од 6-2, Матеј Ристовски од 8-2, наставникот по физичко и здравствено образование Александар Ѓеорѓиевски, наставничките Тања Петков и Виолета Трпевска, како и стручната служба, педагогот Елена Петрушевска и библиотекарката Наташа Стардделова, секеретарот Владо Донев и домаќинката Емилија Јаневска. Околу разнобојниот круг се запознавме со нашите нови пријатели, засадивме „Дрво на пријателството“ и ја започнавме нашата авантура „Возење велосипеди до месноста Тауресиум“, каде слушнавме за Јустинијан Први и за неговото родно место, како и за историјата на археолошкото наоѓалиште. На враќање се разделивме на пола пат, Ние кон нашето Драчево, тие кон своето село, со договор наскоро да прошетаме до месноста Кота.
▼
▼
Thursday, 28 September 2023
МИО активност- Возење велосипеди до Тауресиум

No comments:
Post a Comment