На 21.9.2023 година се одржа првиот состанок на Училишниот парламент за учебната 2023-24 година. Учениците - претставници, секој на својата паралелка, дискутираа за програмската активност на Парламентот и го одбраа своето раководство. За Претседател го одбраа Филип Тодороски од 8-2 одделение, заменик е Михаела Димитровска 7-1 одд.,а секретар - Никола Крковски 6-2 одделение. За Ученички правобранител беше избрана Теона Пецевска 8-1, а за претставници на седниците на Наставничкиот совет беа избрани Марко Трпчевски 6-1 и Ева Петрушева 7-2. Им посакуваме успешна и плодна работа и соработка.
No comments:
Post a Comment