Кое овошје ни е омилено? Што сакаме да јадеме? Што расте во градината?....Овие и многу други прашања беа одговорени од најмалечките во нашето училиште кога со своите наставнички Александра и Марина ја посетија училишната библиотека и ги разгледаа џиновските сликовници и слушнаа стихови на П. М. Андреевски од Касни- порасни. Другарувањето со книгите започнува од најмала возраст, а овие наши ученичиња се полни возбуда и ентузијазам за нови пријателства со книгите и маскотата на библиотеката, нашиот Читко, кого го нацртаа и ја збогатија изложбата на цртежи во библиотеката.
No comments:
Post a Comment