Дека музиката и орото сплотуваат и зближуваат видовме преку МИО активноста на проектот „Градиме мостови“ со училиштето партнер „Наим Фрашери“- с. Студеничани. Тие на 6.6.2023 дојдоа со своите наставници, па заеднички направивме добра забава. Темата на средбата беше „Мојот аматерски настап“ при што секој од осумте учесници испеа песна по свој избор, додека другите го слушаа. Организатор на средбата беше нашето училиште и ова е една од активностите предвидени со овој проект.
No comments:
Post a Comment