На 23, 24 и 25 јуни во Охрид се одржа 44. Фестивал на детско поетско творештво во организација на Сојузот за грижи и воспитување на децата ,,Детски лирски треперења". Нашата ученичка Матеја Јовановска од 6-1 одделение беше наградена за нејзината поетска творба под менторство на м-р Валентина Трајкоска. Манифестацијата започна со свечено отворање и логорски оган во петокот, прогласување на победничките творби и поетски работилници во саботата и работилници и затворање на фестивалот на 25 јуни (недела).Претседател на жирито беше познатиот детски писател Горјан Петревски. И ученичката и нејзиниот ментор имаа незаборавни моменти поминати во друштво на прекрасни луѓе. Посакуваме уште поголеми успеси и понатаму.
No comments:
Post a Comment