Friday, 3 February 2023

Работилница во 8-1 „Тагата во уметноста“ во рамките на програмата за Ментално здравје

 На 26. 1. 2023 година се одржа работилница во 8-1 одделение на тема „Тагата во уметноста“ во рамките на програмата за Ментално здравје, во која учениците уметнички ја изразија тагата, а во исто време и се покрена дискусија „Што со тагата“, кои се начините да се справиме со чувството кое нималку не е пријатно. Стручната служба во училиштето ( Елена Петрушевска, Ивана Јаневска, Цветана Зафировска и Наташа Старделова)   ја осмисли и реализира работилницата во рамките на програмата за Ментално здравје на учениците. Истата на 27.1.2023 беше презентирана на онлајн состанокот пред колегите од другите училишта и менторот Јасмина Дечков. 

Во рамките на програмата се планира работилницата да ја проследат и учениците од другите одделенија како и да се вклучат наставници кои се заинтересирани. 

Еве некои од заклучоците кои произлегоа од дискусијата: 

Тагата не е чувство што лесно се дели и се покажува на другите. Таа е длабока и непријатна емоција, но изразувањето на тагата помага да се намали болката и полесно да се прифати. Многу славни личности својата тага ја преточиле во својата уметност. Кога се соочуваме со уметност во која има тага, учиме да ја препознаеме тагата, да ја прифатиме и полесно да ја изразиме сопствената тага.

Добро е кога сме тажни да знаеме дека имаме со кого да ја споделиме тагата, разговорот помага да се чувствуваме разбрани, прифатени, ги делиме чувствата и со тоа се намалува нашата напнатост. Помага и сознанието дека и на други им се случило нешто слично, а на кого ќе му се довериме зависи од степенот на блискост, довербата и видот на загубата. 

Споделуваме и дел од фотографиите и видеата на часот. 
















No comments:

Post a Comment