Thursday, 1 December 2022

Обука за Искуствено учење за животната средина и климатски промени за наставниците по природни науки

 









Во период од 28 Ноември до 2 Декември се реализираше обука за Искуствено учење за животната средина и климатски промени за наставниците по природни науки. Претставник од нашето училиште беше наставничката по Биологија и Природни науки, Биљана Илиева. На обуката наставниците ќе се стекнат со компетенции за истражување преку експерименти. Темите од обуката ќе бидат пренесени на други наставници по природни науки. Урбанизирани топлински острови, јаглероден отпечаток, фотосинтеза, температура,  ефект на стаклена градина, топење на ледниците, ерозија се мал дел од експериментите што беа изведени на едноставен начин со употреба на  материјали што се лесно достапни и материјали што се рециклираат.

No comments:

Post a Comment