Monday, 5 December 2022

Наградени творби по повод патрониот празник под мотото ,, Климентови денови"

Наградени ученици на литературниот конкурс


Прво место за одделенска настава

Јована Дабеска 4-1


КЛИМЕНТОВИ  ДЕНОВИ

 

За Климент Охридски

целиот свет слуша,

тој е голем човек,

со многу чиста душа.

 

Со лист на маса и молив во рака,

                                                   денови поминати во мака,

                                                довршил задача света во мрак,

                                            нашата азбука изгреа како сончев зрак.

 

Клименту светецу, учителу наш

ти благодариме за твоите

денови што во труд  поминуваа,

и со твоите букви

нашите знаења се постигнаа.

 

Но знај!!!!!!!

Ти ни остави порака јасна,

која никогаш не згасна.

Твоето  име остана во словенската историја,

а твоите дела во нашата меморија.

 Јована  Дабеска  IV-1 одд.

Ментор:  Елена Иванова  


Прво место за предметна настава: 

Мелани Гулабоска 9-2

Климентови денови

                        Охрид сјаеше во својот топол летен сјај. Градот мирисаше на зрели овошки, а езерските бранови како да носеа нежна свежина во манастирските конаци. Монасите тивко и полека се движеа по балконот упатувајќи си само смирен поглед  на разминување.

                        Свети Климент се подготвуваше за својата вечерна молитва. Од својата соба со својот конак гледаше кон езерото.

-Уште еден ден се приближува кон својот крај - размислуваше. Бог ни подари уште еден ден за ново знаење, за нов лист напишан на глаголица од вредните раце на монасите. Букви што очи отворија, што светлина донесоа во мракот на незнаењето.

Немаше ден, а да не си спомене за своите учители и на сиот трнлив пат што го помина со нив во ширењето на христијанството на словенски јазик. Немаше ден, а да не биде горд што е нивни ученик и што го продолжува нивното свето дело преку своите ученици во школата.

-          Оче Клименте, време е да појдеме – го прекина во размислувањето  еден од неговите вредни ученици.

               Свети Климент изгледаше свечено. Неговата облека, неговиот лик и воопшто неговата смирена појава како да оддаваа впечаток на светец. Влажните очи, белата коса и брада зборуваа за неговото големо искуство, за благородна и одговорна работа со која се зафати. Колку ученици се описменија, колку свештеници го распространија Христовото дело низ Охрид и околината? Штиците по кои се движеа шепотеа за трудот и посветеноста на неговите раце и чекори.

              Влезе во манастирот со наведнат поглед. Манастирската тишина беше заглушувачка. Тивките молитви упатени кон Бога и светците бараа мир и спасение. Пламенот од свеќите се нишкаше имитирајќи го звукот на молбените и пофални зборови.

           Молитвата заврши. Уште еден ден го посвети за она за што беше предодреден. Мирисот на зрелите круши го облагородуваше дворот. Со свои раце ја калемеше оваа круша. Застана пред дрвото. Го донесе кревкото дрвце од туѓина пред многу години и го калемеше на старата манастирска круша за да донесе плодови, нови, сочни. Да донесе нови вкусови како што неговото просветно дело донесе плодови на знењето. И други овошки му донесе на локалното население и ги поучи како се калемат, како се садат, како се обработува земјата.  Овој ден како да беше создаден за сеќавање на радоста од давањето и поучувањето.

      Приквечерината му даде нов сјај на манастирот и на неговите конаци. Свети Климент се повлече во својата скромна соба. Дишеше спокојно исто како и неговиот Охрид. Со збрчканите раце се потпре на прозорецот. Ја чувствуваше милоста Божја и силата што го крепеше и во старите дни.

    Охрид сонуваше распослан на бреговите од езерото. Сонуваше закрепнат од неговиот заштитник.

 

  Мелани Гулабоска  lX-2

Ментор: М-р Валентина Трајкоска


Второ место за одделенска настава: 

Матеј Јаневски 4-2

Св. Климент, учителу наш

 

Св. Климент, учителу наш,

Вечно ќе се споменува успехот Ваш.

Благодарни сме ние за делото твое,

Гордо ќе го носиме во срцето свое.

 

Ти благодариме што не научи да пишуваме,

Неуморно и гордо азбуката да ја вдишуваме.

Ни помогна да учиме без мака,

Ни покажа со пример како да се сака.

 

Училиштето мое

Со гордост го носи името твое,

Името твое денес се слави,

Учениците чекорат со кренати глави.

 

Матеј Јаневскин 4-2

 Ментор: Јасмина Лакинска



Второ место за предметна настава:

 Ева Милосављевиќ 9-1

 

 

Св. Климент Охридски 

 

Епископу словенски, епископу велички

научнику, писателу,

светецу, просветителу

Кирилов и Методиев ученику.

 

Покровителу на образованието свештенику,

за  режисер измислена филмска ролја,

ти ја создаде охридската книжевна школа.

 

Таа школа со голем капацитет

стана прв словенски универзитет

го величаме името твое

него го носи и училиштето мое.

 

Ева Милосављевиќ 9-1

Ментор: м-р Валентина Трајкоска

Трето место за одделенска настава: 

Константин Нуцовски 3-1

Нашето училиште

 

 

Нашето училиште

 Патронен празник слави,

Ние сме ученици мали,

но со умни глави.

 

Со добра мисла

И со збор благ,

Носиме светлина

Каде владее мрак.

 

Клименте, учителу наш,

Во срцата наши радост се крие,

За азбуката што денес ја учиме

Ти благодариме ние!

 

Константин Нуцовски 3-1

 Ментор: Елена Симоновска


Трето место за предметна настава: 

Стефан Здравковки 7-2


Климент Охридски

 

Во чест на неговата моќ,

со која ја ширел писменоста, како светлина во ноќ,

испратен од Бога пред многу лета,

за да ја исполни мисијата света,

 во чест на неговaта душа и срце смело,

трудејќи се да направи дело,

за да го направи општеството зрело,

во негова чест денес камбаната бие,

во негова чест го славиме Патрониот празник ние.

 

Стефан Здравковски  VII² одд.

Ментор: Виолета Трпевска



 
Прво место на ликовниот конкурс во категорија 6-9 одделение: 
Марија Тренкоска 6-2





Прво место на ликовниот конкурс во категорија 1-5  одделение: Мила Јаневска 3-1





Второ место од предметна настава е за Јасна Станојевска 8-2, а за одделенска наства второто место го делат Михаил Гулабоски 5-1и Неда Марковска 4-2.


Третото место од предметна настава го делат Сандра Цветковска 7-1 и Теона Пецевска 7-1, а за одделенска настава трето место делат Милена Тодоровска 5-3 и Марта Тошевска 2-2.

Честитки на наградените!











No comments:

Post a Comment