Wednesday, 2 November 2022

Филмска критика за гледан филм од Филип Спасовски и Петар Ангеловски 8-1

  



Критика за филмот „Брат ми брка диносауруси”
напишанa од Филип Спасовски и Петар Ангеловски 8-1 одделение
Филмот „Брат ми брка диносауруси” е во режија на Стефано Ципани. Главните улоги ги толкуваат Алесандро Гасман, Изабела Рагонезе, Лука Морело/Франческо Геги, а улогата на Џио ја толкува Антонио Урас, а потоа Лоренцо Систо. Филмот е италијанско-шпанска копродукција. Има освоено главна награда на Европската филмска академија за најдобар филм наменет за млада публика во 2020 година. Ова е еден од оние филмови кои што после гледањето те прават подобра личност. Базиран е на вистинска приказна и ја следи приказната за помалиот брат на Џек, дете кое што е родено со Даунов синдром. Живеејќи со својот помал брат, Џио, на почетокот Џек беше возбуден сметајќи го својот брат за супер-херој. Но со текот на времето како Џек созреваше тој разбра дека неговиот помал брат е дете со попреченост и почнува да се срами од него и посакува брат му да не постои во неговиот живот. Кога Џек ќе се заљуби во Аријана, тој лаже дека брат му е починат. После некое време тој признава дека Џио е сè уште жив и повторно почнува да размислува дека таквите деца се навистина супер-херои. Приказната тече со голема вештина и го прикажува животот на Џио и Џек многу топло и поучно. Секако дека има и грешки и слабости кај ликовите, но важно е дека тие се градат во текот на филмот и стануваат подобри личности на крајот од приказната. Додека го гледавме филмот ние ја почувствувавме неговата поучност и ги сфативме предизвиците со кои се соочуваат лицата со Даунов синдром и нивните семејства.

No comments:

Post a Comment