Денеска. 14.11.2022 година часот по македонски јазик на 9-1 одделение беше одржан во библиотеката и медијатеката на училиштето. Учениците најнапред ги подарија двете книги кои ги добија како награда за мултимедијалниот проект „Рацин - Поет на болката и љубовта“.
Потоа имаа задача да пронајдат книга од нашиот поет Блаже Конески, каде се застапени неговите најпознати песни „Тешкото“ и „Везилка“. И секако, дека пронајдоа. Ја слушнаа изразно рецитираната песна „Тешкото“, го погледнаа орото од кое се инспирирал поетот и дискутираа за значењето на симболот во поезијата. Потоа, го чуја и гласот на Блаже Конески кој ја рецитира својата „Везилка“- програмска песна на поетот кој создаваше „проста и строга поезија“.
Со договор заинтересираните ученици наскоро да се запишат во библиотекарската и новинарската секција посетата заврши.
No comments:
Post a Comment