Овогодинешните јубилејни 55 Детски Рацинови средби со свое присуство ги збогатија и учениците од 9-1 со нивниот ментор Валентина Трајкоска и библиотекарката во училиштето Наташа Старделова.
Градот Велес дишеше во духот на Рацина. Откако учениците се поклонија пред паметникот на великиот поет, продолжија кон спомен куќата на Рацин, каде ја погледнаа поставката на музејот. Потоа следна дестинација беше Градската библиотека ,, Гоце Делчев" во салата ,, Бели мугри" каде на свечена приредба им беше доделена втората републичка награда во категоријата ИКТ творби за нивниот краток уметнички филм ,,Рацин - поет на болката и љубовта". На свечената седница тие го проследија и импресивниот перформанс инспириран од животот и делото на безвремениот Рацин. Крајот на седницата беше искористен учениците да се запознаат и дружат со нашиот познат детски писател Горјан Петревски, кој вети набрзо дека ќе не' посети во училиштето. По свеченоста учениците го посетија и брегот на излетничкото место Езерото ,,Младост".
Една слика- илјада зборови, а ние имаме избор од најдобрите слики. Погледнете ја галеријата со фотографии и видеа од денешниот ден.
No comments:
Post a Comment