На 8.11.2022 година во одделението 4-2 библиотекарката на нашето училиште Наташа Старделова одржа час по лектира и креативно пишување, презентирајќи ја ги расказите „Маслинови гранчиња“ на Глигор Поповски, а потоа учениците креативно твореа и пишуваа свои раскази/приказни на дадена тема.
Многу идни писатели се на повидок. Наскоро во оваа објава следат и трите најдобри приказни на темата „ Детето што плачеше“.
Детето што плачеше- од Нада Марковска
Убав е денот, топол и светол. Ама не и за Влатко. Тој е тажен. Седи сам со наведната глава и солзите капат по неговите образи. Сака да си игра со децата, ама се плаши. Секој ден едни две исти деца постојано му дофрлаат погрдни зборови. Тој трпи цело време и молчи од страв дека ќе го истепаат, бидејќи се поголеми и лоши спрема него. Не знае зошто се такви, се чуди и се прашува каде згрешил и што да прави. Си вели: - Да кажам ли на наставничката, да кажам ли на мама или на тато. Така си седи Влатко, си мисли и си плаче. Девојчето Лила му пријде на Влатко и го праша зошто е тажен. И` беше жал што плаче и го покани да играат брканица. Лили ги избриша солзите на Влатко, и за момент тој навистина заборави на стравот и си вети во себе дека ќе каже на наставничката за децата и така тие ќе престанат да го навредуваат. Влатко ја прегрна Лили и со радост го прифати нејзиното другарство.
Детето што плачеше- Кристијан Јовевски
Едно дете си играше со една волшебна топка. Таа можела да лета високо и да прави други волшебни работи. Но, детето за тоа не знаело. Еден ден детето ја шутирало топката, а кога ја шутнало пресилно, во тој момент топката се скаменила. Детето се зачудило и ја шутнало уште посилно, па тогаш топката летнала високо и паднала во едно езеро, каде се скрила многу длабоко. Детето многу ја сакало својата топка и почнало да плаче бидејќи ја изгубило. Но, волшебната топка го слушнала плачот на детето, се кренала и се вратила кај детето. Тоа било многу среќно, па и' рекло: -Отсега ќе бидам внимателен со мојата волшебна топка.
Детето што плачеше- Дарија Јаковчевска
Еден убав пролетен ден тргнав на гости кај мојата другарка. Додека одев, минував низ паркот. На една клупа видов едно дете што плачеше. Се доближив до него и го прашав: - Зошто плачеш? Детето ги бришеше солзите со ракавот од блузата и молчеше. Повторно прашав: -Зошто плачеш? Дали може некако да ти помогнам? Тогаш детето проговори и рече дека излегло од дома да го прошета своето кутре. Кутрето било многу среќно и детето решило да го пушти од ланецот за да потрча наоколу. Но, одеднаш детето го изгубило од вид, и сега не може да го најде. Јас му реков: - Ајде заедно да го побараме. Баравме, баравме и случајно забележав кутре кое лежи исплашено под едно дрво. Детето викна по него, кутрето го здогледа и веднаш се стрча накај нас. Така заедно среќни тргнавме секој по својот пат, детето дома, а јас кај мојата другарка.
Бонус - Песна
Детски сон- Илина Трајковска
Сонувај ти слатко, детенце
во детски сон.
Во сонот ќе видиш сенешто,
куп од слатки нешта може еден тон.
Пеперутка може шарена,
Поголема и од слон,
нема нешто невозможно
во детскиот сон.
Во сонот може да те брка
и голема страшна ѕверка,
голем јунак ќе те спаси
или мојата баба.
Таа ќе те гушне
и тогаш мило
мама ќе те разбуди
и гушне силно.
No comments:
Post a Comment