Friday, 14 October 2022

Четврт ден ЕrasmusDays во Св. Климент Охридски




 Последниот ден од нашето дружење и учење беше закитен со игри без граници, песна, ора, обука и сертификати. 
Беше одржана работилница ,,Звончари" од страна на нашите гости. Во фискултурната сала домаќините се претставија со богатото фолклорно наследство, прикажувајќи ги ората и музиката од нашите простори, а беа одржани и игри без граници, каде учениците се забавуваа. Во исто време, наставниците следеа обука за Еразмус проектите. На крајот беше време за сертификати и збогувања. 
Нашите нови пријатели веќе ни недостасуваат. Посакуваме повторно да се сретнеме и да соработуваме повторно. Еднаш оствареното искрено пријателство- засекогаш пријателство. 








No comments:

Post a Comment