Friday, 30 September 2022

Одржана работилница во 5-2 одделение

 


        На 26 септември се одржаа активности од изборниот предмет ,, Финансиско роботење'' во V 2 одд. во соработка со родителот Кире Секулоски, вработен во НЛБ Тутунска Банка. На повидок се многу идни банкари.

Благодариме на одвоеното време и корисните информации.






Saturday, 24 September 2022

Дисиминација на Еразмус + проектот BEST #erasmusbestltta




     Како дел од Еразмус + проектот BEST, од 19 до 25 мај 2022 во Краков, Полска, се одржаа неколку работилници и беа изработени часови по биологија на тема Биодиверзитет. Работилниците се реализираа на Биолошкиот факултет во Краков. Еколошката работилница се одржа во природа. При тоа беа користени еколошки техники и алатки за собирање природен материјал: Тулгренова инка, мрежа за пеперутки и други инсекти, "чадор" кој е направен од бело платно за подобро набљудување на мали животни.

Работилницата за препарирање инсекти ќе им помогне на учениците да научат како правилно да изработат инсектариум. Преку антрополошката работилница учениците ќе ги дознаат "знаците" кои се запишани на коските. Идеите кои беа споделени од колегите од Полска, Естонија, Португалија и Данска ќе помогнат да се збогатат часовите по биологија во нашето училиште.

(English text below the photos)








As part of the Erasmus + BEST project, from May 19 to 25, 2022 in Krakow, Poland, several workshops were held and biology lessons on the topic of Biodiversity were held. The workshops were held at the Faculty of Biology in Krakow. The ecological workshops was held outside. Ecological techniques and tools were used to collect natural material: a Tullgren funnel, a net for butterflies and other insects, an "umbrella" made of white cloth for better observation of small animals.
The insect preparation workshop will help students learn how to make an insectarium. Through the anthropological workshop, the students will learn the "signs" written on the bones. The ideas that were shared by the colleagues from Poland, Estonia, Portugal and Denmark will help to enrich the biology 
lessons in our school.
 
 


Wednesday, 21 September 2022

VI Еду Конференција-Струга

 VI Еду Конференција-Струга



            На 17 и 18 септември се одржа VI Еду конференција во хотелот Дрим во Струга- Спој на енергија, нови предизвици, едукација, креативност, иновативност - се' она што е карактеристика на секој наставник. Претставници од нашето училиште беа: Билјана Јованоска, Тања Петков, Душица Алексиевски- Гулабоски, Билјана Петрушевска, Татјана Каранфиловска и Биљана Илиева.




Химната на ООУ. „Св. Климент Охридски”


                                                 
Химната на ООУ. „Св. Климент Охридски



Цртеж изрботен по повод нашиот патрон од нашиот наставник по ликовно Виолета Тодоровска


Дали знаевте дека....

...Химната на училиштето „Св. Климент Охридски“ е снимена во 2002 година на 4 декември во студиото Анастасија.

Автор на песната е Даме Коларовски, професор по музичко образование во училиштето „Рајко Жинзифов“.

Песната ја испејаа Ива Блажевска, Љубинка Петрушевска, Ане Гроздановска, Александра Мијалковска, Ивана Јаневска и Милена Димовска, тогашни ученици во училиштето. Во песната се слуша и гласот на авторот Даме Коларовски, кој некогаш исто така бил ученик во нашето училиште. 

На 6 декември 2010 учениците од 8-в направија препев на химната на англиски јазик. 

.

Климент -Чудотворец

 

И штом од небо глас се возвиши

Патници да станат просветители,

И штом уморни книга остават,

Трет да дојде да ја доврши.

 

Да стане светло, и стана светло,

Да биде љубов, љубов вековна.

 

Клименту, свет учителу, најмалку што можам е да се поклонам,

Еве говорам, слова пишувам,

Исто како многу пред мене.

Клименту, чудотворецу, најмалку што можам е благодарам,

Еве говорам слова пишувам,

Жив е уште родот словенски.

 

Баш сум посебен, стварно посебен,

Секоаш штом влезам во училиште,

Еј наш патрону, стана навика,

Било кога да сме најдобри

И било каде да сме најдобри.

 

Добри времиња, ќе речат старите,

Помнам едно школо кое дишеше,

Добри времиња, не грижете се,

Со исто темпо ќе продолжиме.

Климент Охридски се најдобри, зар не!

 

Мигови среќни, течат ко река,

И нека биде, биде така, довека!

 

Клименту, свет учителу, најмалку што можам е да се поклонам,

Еве говорам, слова пишувам,

Исто како многу пред мене.

Клименту, чудотворецу, најмалку што можам е благодарам,

Еве говорам слова пишувам,

Жив е уште родот словенски.

 

Со исто темпо ќе продолжиме.

Климент Охридски се најдобри, зар не!

.

Kliment -The Miracle Worker

 

A voice from heaven was heard:

travelers will become your teachers,

and  when they laid books down  to rest,

and closed their eyes,

left them to brightness of the day

to be written to the end.

 

Let there be day,

and the day came,

Let there be  love,

eternal love forever.

 

Hear us Kliment, our saint and teacher,

The least I  can do is to bow before your deed.

Hear my words now, the letters I write,

just like many others before me.

Hear us, Kliment, our miracle worker,

the least I can do is say: thank you.

Hear my words now, here are the letters I write,

the Slavic race is still alive.

 

I'm so special, I'm so very special,

Every time I walk into this school.

Can't you see, our patron,

 It's been like breathing now,

to be the best all the time,

to be the best everywhere.

 

Those were times, the older ones say,

We can remember a school that had a soul,

But don't you worry now,

 here's our promise now:

We'll follow the pace you've set.

Kliment Ohridski are always the best!

 

Happy times,

flowing like a river,

Let it be like this,

like this, forever.

 

Hear us, Kliment, our saint and teacher,

The least I  can do is to  bow before your deed.

Hear my words now, the letters I write,

just like many others before me.

Hear us, Kliment, our miracle worker,

the least I can do is say: thank you.

Hear my words now, here are the letters I write,

the Slavic race is still alive. 

We follow your steps,

Kliment Ohridski are always the Best.

  

 


Воведен збор од уредниците

 


Драги читатели, 

Ви благодариме што покажавте интерес за нашето списание Наш збор од ООУ.„Св.Климент Охридски“. Се надеваме дека ќе Ви се допадне и ќе уживате во него.

Во ова наше интересно списание ќе се зборува што се случува во ООУ.Св.Климент Охридски с.Драчево.

Како го организираме нашето време во училиштето. Исто така, списанието ќе покрива и интересни активности кои ги имаме за време на учебната година. Се надеваме дека ќе ви се допадне.

На почетокот од секоја учебна година секое прваче си добива бесплатни чадорчиња, училишни чанти, тетратки или училишен прибор.Годинава на пример секое прваче доби ранче, подарок од општина Кисела Вода, преку проектот за првачињата.  Како и да е, колку сме хумани, толку сме и забавни така што на секој почеток во училишната година се спремаат претстави каде што се танцува, се читаат стихотворби и уште многу други интересни работи. А, најважно од се' е безбедноста за секое дете, но не се  грижете, нашето училиштето е добро организирано, па така секое дете е безбедно тука!

Покрај првачињата, и секое друго одделение има пристојно место за учење.На пример да се пофалиме за обезбедените услови за учење од 2019 до сега.  Ако во минатото списание на “ООУ.„Св.Климент Охридски Пилот” во не така далечната 2019 се зборуваше на темата Иднината на училиштето и беше спомнато дека посакувано е да  имаме повеќе смарт-табли, еве денеска за само 3 години, не може да се најде училница во нашето училиште без проектор или смарт-табла!

 Подготвено и  напишано од

 Софија Ацевска 8-1

Tuesday, 20 September 2022

Еразмус + проект во нашето училиште

На крајот од август и почетокот на септември се одржа обуката за ,,Инклузија за нови корисници во Еразмус + проектите''. Се одржа во Букурешт, Романија,
и е одобрена од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. На овој настан претставник од нашето училиште беше
Тања Петков.








Пред паноата во ходниците низ нашето училиште

 Вредните раце на учениците и нивните наставнички и наставници секогаш го разубавуваат просторот во нашето училиште. И овој септември не беше поинаку. Уверете се самите и прошетајте и виртуелно низ ходниците. 










Постоењето и развитокот на ООУ„Св.Климент Охридски“

                                                                                    




Постоењето и развитокот на ООУ„Св.Климент Охридски“ с. Драчево е поделено на два периода. Првиот, кога на учениците не им било можно да го слушаат мајчиниот збор во процесот на наставата и вториот период, кој настапува по Втората светска војна, победата над фашизмот и ослободувањето на нашата земја, кога во училиштето за прв пат започнува да се изведува настава на македонски јазик. 

Постојат податоци кои говорат дека училиштето е изградено од 1922 до 1923 година, додека за првпат во него почнало да се учи 1924 година, но не на македонски туку на јазикот кој им бил наметнат во тоа време, а тоа бил српскиот. За тој период (до 1941година) не постојат официјални документи, но постојат живи сведоци кои ни раскажуваат дека во ова училиште учеле ученици од с.Драчево и с.Студеничани.

Постојат податоци дека училиштето непрекинато работело и во текот на НОБ, но повторно не на македонски јазик туку на јазикот на тогашните поробувачи-бугарскиот јазик. Вториот период од работата на нашето училиштето е периодот од ослободувањето на нашата земја, кога во училиштето за прва пат започнала да се изведува настава на македонски јазик. Тоа се случило 25.11.1944 година. Кога училишното ѕвоно повторно се огласило, повикувајќи ги овој пат учениците да дојдат во училиштето во кое засекогаш понатаму, со нивниот мајчин македонски збор, ќе ја осознаат вистината за животот.

Веднаш по војната, учебната 1944/45 година, се формирале 4 одделенија од кои во I одд.-2паралелки со 86 ученици, во II одд.-2паралелки со 90 ученици, во III одд..-2паралелки со 91 ученик и во IV одд.-1 паралелка со 58 ученици. Од година во година училишниот простор почнал да се проширува.  Изградена е сала за културно- забавен живот, сала за физичко и здравствено образование, се адаптираат неколку простории за училници, работилница за општо- техничко образование и просторија за дневен престој. Паралелно со доградување на училишниот простор се менува и надворешниот изглед на училиштето, со убаво уреден двор,кој исполнет со цветни растенија им ги дава сите можности на учениците, потребни за одмор и рекреација.

Денес, нашето училиште го сочинуваат реновирана стара зграда, две доградби со 4 нови училници, училишна кујна и терпезарија и просторија за дневен престој. Во училишниот двор се наоѓа фискултурната сала во која учениците спортуваат и правилно се развиваат и воспитуваат.  

(English below)








 

Пристап до ФБ- страната на училиштето  

НА СЛЕДНИОТ ЛИНК ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ОД УЧИЛИШТЕТО

https://www.facebook.com/100000066808445/videos/3368064803205713/


Документарен филм снимен во осумдесетите години од минатиот век

ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ ЗА УЧИЛИШТЕТО „ Низ страниците на стариот дневникк“, СНИМЕН ПО ПОВОД 90/70 ГОДИНИ ОД ПОСТОЕЊЕТО, ОДНОСНО ИЗВЕДУВАЊЕТО НАСТАВА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК





Од Krstevska123 — сопствено дело, CC BY-SA 4.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=58754320


Име на  основното училиште

ООУ„Св. Климент Охридски“ с. Драчево

адреса, општина, место

Јустинијан Први 98, 1000 Скопје

општина Кисела Вода

телефон

(02)2791-065;

телефон – директор

071/356-493

Веб- страна

https://klimentohridskidracevo.edu.mk

е-маил

kliment_ohridski_d@yahoo.com

основано од

Министерство за просвета на НР Македонија

Верификација- број на актот

15-1943/4-85

Година на верификација

18.12.1985г.

Година на изградба

1922/24 год.

Тип на градба

цврста градба

Површина на објектот

1900 м2

Површина на училишниот двор

3,5 ха

Површина на спортски терени и игралишта

1140 м2

Начин на загревање на училиштето

Сопствено греење на нафта

Училиштето работи во смена

да

Број на смени

две

Број на паралелки

20

Број на комбинирани паралелки

/

Јазик на кој се изведува наставата

Македонски јазик

Во основното училиште има паралеки за ученици со посебни образовни потреби

Нема

Во основното училиште има паралеки од музичко училиште

Нема

Во основното училиште има ресурсен центар

Нема

Други податоци карактеристични за основното училиште:

АЦЕС ПРОЕКТ 2011Г

*Статус на еко-училиште (зелено знаме, сребрено или бронзено ниво)

Зелено знаме

*Датум на добиен статус на зелено знаме

06.03.2014 г.

The existence and development of OOU "St. Kliment Ohridski" v. Drachevo is divided into two periods. The first, when it was not possible for the students to listen to their mother tongue during the teaching process and the second period, which occurs after the Second World War, the victory over fascism and the liberation of our country, when for the first time the teaching of Macedonian language occurs. 

There are data that say that the school was built from 1922 to 1923, while classes started in 1924 for the first time, but not in Macedonian, but in the language that was imposed on them at that time, which was Serbian. There are no official documents for that period (until 1941), but there are living witnesses who tell us that students from the village of Drachevo and the village of Studenichani studied in this school.

There are data that the school worked continuously during the National Liberation War, but again not in Macedonian, but in the language of the enslavers–Bulgarian. The second period of our school's work is the period of our country's liberation, when Macedonian teaching began to be performed at school for the first time.

This happened on 25.11.1944. When the school bell sounded again, calling students to come to the school, they would continue to learn the truth about life in their mother's tongue.

Immediately after the war, the 1944/45 school year, four classes were formed, of which 86 students formed the I-classes, in the II there were  90 students, in the III class there were 2classes with 91 students,  and in the IV a class , 58 students. Year after year, the school space began to expand.  A hall for cultural life was built, a hall for physical and health education, several classrooms, a workshop for general technical education and a living room are adapted. Also, with the addition of the school space, the external appearance of the school changes, with a beautifully decorated yard, filled with flowers and plants and gives all the opportunities to students for rest and recreation.

Today, our school consists of a renovated old building, two new parts with 4 new classrooms, a school kitchen. In the schoolyard there is a gym and children’s playground where students play different sports.