Tuesday, 28 July 2026

Промоција на книга: ,,Перото на Илинче ІV-a"

 


📢Денес 28.7.2026, во некогашната училница на 4а во ООУ ,, Св. Климент Охридски" се одржа  промоција на  книгата"Перото на Илинче ІV-a" на која писателката Илина Ј. Јаковчевска ги оживеа дваесет и три стихотворби на малата Илинче од ІV-а одделение, од далечната 1993 година. пишувани токму тука, во ова училиште, во оваа училница...✒️📝 Преку издавањето на оваа стихозбирка Илина Јовановиќ Јаковчевска го остварува сонот на малата Илинче од IV-а одделение.

🌸Промотор на настанот беше Елена Симоновска, исто така, писателка која од тоа време ја делела училишната клупа со Илина. На промоцијата во присуство на голем број љубители на книгата и пишаниот збор, пријатели и познати, во срдечна атмосфера се разви дискусија за патот на ова книжевно дело од пред многу години, кое иако прво, тивко и трпеливо го чекаше својот ред да биде објавено сега.

Домаќин на промоцијата беше нашето училиште ООУ ,,Св. Климент Охридски", за чиј патрон има пишувано и малата поетеса, заедно со песната за својата прва учителка Олга Ацевска, која ја всадува желбата за книжевно творење. Во книгата се собрани сите творби кои го обележале растењето на малата Илина од 4а исполнети со детска растрепереност и сензибилност. 

Посакуваме ова дело да го најде патот до своите читатели, да ги охрабри да ги остварат своите соништа како што се оствари сонот на некогашното дете Илина.









Saturday, 11 July 2026

,,Охрид камп за високо-технолошка извонредност",

 Нашиот ученик Дамјан Трпевски од 8-2 одд. учествуваше на шестиот ,,Охрид камп за високо-технолошка извонредност", организиран од ,,Македонија 2025".










Friday, 10 July 2026

Подготовка на програма за проектот „Star for Life"

 Започна проектот во нашето училиште „Star for Life“, чија главна цел е превенција на булингот и врсничкото насилство.

Нашето училиште отпочнува со проектот „Star for Life“ што претставува значаен чекор во продлабочувањето на соработката и е недвосмислена потврда на меѓународната поддршка за градење поздрава училишна средина. Се работи интензивно на програмата по која македонскиот тим ќе работи со наставниците и учениците од четврто, петто и шесто одделение на препознавање и спречување на ризични ситуации.

Со нетрпение ја очекуваме следната средба во август за поинтензивни подготовки за новата учебна година.


Wednesday, 1 July 2026

Доделени ваучери за талентирани ученици кои постигнаа високи резултати и освоија државни награди од страна на Општина Кисела Вода

 







Денес, во Домот на културата „Билјана Беличанец“, беа доделени ваучери за талентирани ученици кои постигнаа високи резултати и освоија државни награди на акредитирани натпревари во учебната 2025/26 г.

Горди сме што меѓу наградените се и ученици од нашето училиште:

🏆 Ања Анѓеловска (V-2 одделение), добитничка на државна награда по англиски јазик, под менторство на наставничката Валентина Кикеркова (одделенски раководител Лиле Велјаноска).

🏆 Никола Крковски (VIII-2 одделение), добитник на државна награда по македонски јазик, под менторство на наставничката Александра Кузмановска.

🏆 Дарко Станојевски (VIII-2 одделение), добитник на државна награда по биологија, под менторство на наставник советник Биљана Илиева.

Искрени честитки до нашите ученици и нивните ментори за посветеноста, трудот и извонредните постигнувања!

Ви посакуваме уште поголеми успеси, нови предизвици и многу освоени награди во следната учебна година. Горди сме на вас! 🎊🎊 🎊