Вчера, 29.4.2026 година, седмоодделенците од нашето училиште ја имаа финалната работилница од проектот „Насилството не е кул" во ООУ „Рајко Жинзифов" н. Драчево, која беше на тема „Ненасилна комуникација". Под водство на педагогот и психологот во училиштето учениците преку мошне интересни вежби стигнаа до нови знаења и успеаја да се поврзат како група. Со оваа работилница се заокружи еден дел од проектот за работа со ученици кој првично беше замислен под името Мисија: Другарство, и ги обедини учениците од трите основни училишта во Драчево. Благодарност до училиштето домаќин за можноста да учествуваме во работата на овој проект и се надеваме на следна соработка и дружење.
























































































