Среќата е и во малите нешта. Дедо Мраз беше дарежлив и за вработените кои го свртеа тркалото на среќата и добија новогодишни подароци. Среќна да е годинава што иде!
▼
▼
Wednesday, 31 December 2025
Новогодишни подароци од Општина Кисела Вода
На радоста нема крај🎅❤️🎄
Стотина и повеќе новогодишни пакетчиња донесе Дедо Мраз во нашето училиште за учениците од 3, 4 и 5 одделение во организација на Општина Кисела Вода 🎄
Благодариме за подароците градоначалничка Бети Стаменкоска Трајкоска ❤️
Tuesday, 30 December 2025
Заспаната добрина - новогодишна претстава
Учениците од 1 до 5 одделение од нашето училиште 2025 година ја завршија со гледање на новогодишната претстава ,, Заспаната добрина". Погледнете галерија слики и видеа од претставата.
,,БЗР од мали нозе 2025"
Традиционално, претпразнично, пристигнаа Благодарниците од литературниот конкурс ,,БЗР од мали нозе 2025". Творбите на нашите ученици: Матеј Јаневски, Мила Цветковска, Кристијан Јовевски, Неда Марковска и Матеа Стојановска, оваа година се дел од оваа збирка.
Продолжете да творите!


















































