Денес, на Денот на штедењето, а на покана од Народна банка, учениците од III 2 беа во посета на банката. Прекрасен ден кој се искористи и за прошетка низ нашиот убав град. Одделенски наставници: Татјана Каранфиловска и Симона Ѓорѓиевска
▼
▼
Friday, 31 October 2025
Зачленување на првачињата во училишната библиотека
Во склоп на активностите по повод Месецот на книгата нашата библиотека се збогати со нови членови, најмалите и најинтересните, првачињата. Тие сите добија членски картички со кои влегоа во нашето големо семејство на читатели. Да им посакаме многу прочитани сликовници и книги.
Tuesday, 28 October 2025
Што е тоа - ДОБРО? Што е тоа - ЛОШО?- работилница со второодделенците
Денес, 28.10.2025, во рамките на активностите на библиотеката по повод месецот на книгата, библиотекарката Наташа Старделова одржа две работилници во двете паралелки во второ одделение на темата: Што е тоа - ДОБРО? Што е тоа - ЛОШО?.
Преку детската песна на Владимир Мајаковски учениците дискутираа и дебатираа, играа, цртаа, пишуваа и определуваа што е тоа добро, а што лошо.
Monday, 27 October 2025
Незапирливи - работилници
На 27.10.2025 и 28.10.2025 се одржаа работилницои во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во општина Кисела Вода во организација на граѓанското здружение ,,Незапирливи".
Пријавените ученици имаа можност да бидат дел од публиката и да ги слушнат инспиративните приказни на гостите, познати личности од македонската естрада, кои успешно делуваат во областа на музиката и глумата.На 28.10.2025 следуваше втората работилница.
Дополнително, на 14 ноември ќе се одржи завршен концерт, на кој дел од децата што ќе ги посетат работилниците ќе имаат можност да учествуваат и да изведат краток перформанс на сцена пред публика.
На 27 октомври гостуваа:
музичката група 2 Бона,
Тамара Тодевска,
Игор Џамбазов, и
Давор Јордановски.
На 28 октомври настауваа:
Школата за мјузикли “Broadway” со краток сценски перформанс и говор на Јована Лалчевска, и
Актерската школа на Весна Петрушевска.
Во текот на двата дена со сценски точки настапуваат Максим Пандилов (тапани) и Лука Илиев (клавир), млади музичари во почеток на својата музичка кариера и ученици во основното училиште „Круме Кепески“.
Учениците од нашето училиште се забавуваа и мотивирани се да ги подготват своите точки со кои ќе настапат.

















































