Thursday, 27 June 2024

Општински награди за младите таленти


 Имаме убави вести! Комисијата при општина Кисела вода ги разгледа и бодира пристигнатите документи на сите кои аплицираа на конкурсот за талентирани ученици и талентирани ученици - спортисти. 

Наградени талентирани ученици се следниве :

1. Матеј Јаневски 5-2 одд.

2.Михаела Ѓошевска  4-1 одд.

3.Никола Душановски 5-1

4.Дафина Здравковска 9-1

5. Стефан Здравковски 8-2

6.Василиј Ѓорѓиевски 4-1

7.Андреа Радевска 4-1

8.Михаела Димитровска 7-1

9.Матеј Димишковски 7-2


Наградени ученици талентирани -спортисти се:

1. Антонио Димовски 6-1

2.Андреј Стојчевски 6-2

3.Горазд Цветковски 6-2

4.Јана Спасеска 2-1

5.Евгенија Стојановска 5-1

6.Неда Марковска 5-2

Честитки до сите ученици и наставници.

Доделувањето на наградите ќе биде на  28.06.2024 год., петок, во 13:00 часот  во спортска сала ,,Независна Македонија" Кисела Вода. 

Wednesday, 26 June 2024

Свечено поставување на камен-темелник на новото училиште




 Денес, 26.6.2024 се постави камен-темелникот на новата современа училишна зграда која ќе ги задоволи потребите на современата настава. Особено треба да истакнеме дека тоа се случува на 1️⃣0️⃣0️⃣ годишнината од постоењето на ООУ Св. Климент Охридски Драчево ! На овој свечен настан збор имаше градоначалникот на општина Кисека вода, Орце Ѓорѓиевски - Orce Gjorgjievski . Тој истакна дека започнува ново поглавје на постоењето на ова култно училиште со кое сите сме и емотивно поврзани. Токму затоа старата училишна зграда ќе има музејска вредност, додека новото училиште ќе ги задоволи потребите на учениците за едносменско работење, со 19 училници, кабинети и сите современи придружни простории на едно модерно училиште. За исполнетото ветување во интервјуа свои видувања дадоа и премиерот Христијан Мицковски и министерката за образование  проф д-р Весна Јаневска. Директорката на училиштето Елена Симоновска нагласи:      ,, Заокружуваме едно столетие со нови темели кои што реално ќе претставуваат нови современи и модерни услови за нашите ученици, за нашите наставници и другите вработени. Изградбата на ново училиште беше долго очекуван децениски проект.   

Може да се пофалиме дека имавме богато минато и традиција, а, сега надеж за уште подобра иднина.


  Голема благодарност до премиерот г. Христијан Мицковски и до градоначалникот на ОКВ г. Орце Ѓорѓиевски за нивните заложби за изградба на ново училиште во село Драчево, како и до новата министерка за образование проф. д-р Весна Јаневска." 






























Wednesday, 19 June 2024

Прогласување на првенци на генерацијата 2015-24 и пофалени ученици

 Секоја генерација е уникатна. Оваа е уште поинтересна. Комисијата имаше тешка задача да ги бодира  достигнувањата на седуммината кои конкурираа за Првенец на генерација и резултатот беше сè уште нерешен. Тројца ученици имаа подеднаков број на бодови. Така оваа година имаме тројца првенци на генерацијата 2015-24: Лара Анѓеловска од 9-2, Иван Радевски од 9-2 и Дафина Здравковска од 9-1 одделение. Секој од овие тројца имаа свои афинитети кои ги негуваа во текот на деветгодишното основно образование. Лара ги сакаше странските јазици и имаше бројни дипломи по англиски јазик на општинско, регионално и државно ниво. Иван ги сакаше природните науки, биологијата и математиката. Неговите дипломи беа од овие области. Дафина, пак се истакна по македонски јазик со бројни лични творби на секое ниво. Затоа годинава и одлуката падна сите тројца да бидат наградени и прогласени за првенци на оваа уникатна генерација. 

Така денес, 19.06.2024 година во нашиот омилен среден двор во училиштето беа доделени свидетелствата за сите ученици и свечено беа објавени имињата на учениците кои најмногу се истакнаа за  овие 9 години прогласувајќи ги за првенци. 

На прогласувањето и доделувањето на дипломите во исто време беа пофалени и учениците со континуиран одличен успех: Филип Спасовски, Софија Ацевска, Моника Божиновска, Сара Стојановска, калина Стојчевска, Дора Тодороска од 9-1 и Димитар Ацовски, Јасна Станојевска, Кристина Ацовска, Ангела Јаневска, Мила Јовевска и Мила Трајковска од 9-2.