Денес 25.01.2024 дефектологот Цветана Зафировска, во соработка со образовните асистенти Синличка Огњановска и Магдалена Јованоска, одржа работилница ИНКЛУЗИВНОСТ, во 1-2 одд. Децата се запознаа со различните видови попреченост, начинот на однесување и дружење, начинот на кој им се обраќаме на лицата со ПОП. Самите заклучија дека и тие деца сакаат да си играат и дека треба да се почитуваат секогаш. На крајот, во ѕвездите кои ги исекоа, го напишаа своето име и нацртаа цртеж за својата отсутна другарка со ПОП.