Денес, 23.2.2023, учениците од 4-1, 4-2 и 5-3 одделение беа во посета на новото фудбалско игралиште во нашата околина и таму на отворено ги одржаа своите часови по физичко и здравствено образование.☘️🍀☘️🤸🏃🚶🤾
Денес, 23.2.2023, учениците од 4-1, 4-2 и 5-3 одделение беа во посета на новото фудбалско игралиште во нашата околина и таму на отворено ги одржаа своите часови по физичко и здравствено образование.☘️🍀☘️🤸🏃🚶🤾
На 23.02.2023 се одржа меѓународен симпозиум „Да си го вратиме назад просторот за дигитални информации“ посветен на тоа како медиумската и информациската писменост може да им помогне на младите да стекнат доверба во медиумите, но и да научат да користат нови медиумски алатки за да влијаат на позитивните општествени промени.
Говорниците (академици, млади активисти, експерти во областа, и истражувачи од САД, ЕУ и Западен Балкан) ги истакнаа различните пристапи за проучување на клучните прашања за медиумската писменост, образованието за медиумска писменост во дигиталната ера, како и улогата на медиумската писменост. Претставник од нашето училиште беше В. Трајкоска.
На 21.02.2023 ЦМА Крик како проектна активност на иновативната иницијатива „Што е (не)сработено?“ поддржана од Support to Electoral Reforms реализираше тркалезна маса на тема „Инлузија и олеснување на образовниот процес на лицата со попреченост“. Настанот се одржа во просториите на општина Кисела Вода и истиот беше реализиран со нивна поддршка.
Дефектолозите и психолозите од 6 основни училишта во општина Кисела Вода заедно со претставници на невладините организации Крик и Леад, советниците на општина Кисела Вода и лица со попреченост беа дел од тркалезната маса на која имаа можност да ги споделат предизвици и да покренат дискусија за она со што се соочуваат при образовниот процес на лицата со попреченост, секој од својот аспект на делување.
*Активностите се спроведуваат во рамките на проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот.
Претставници од нашето училиште беа психологот Ивана Јаневска и дефектологот Цветана Зафировска.
На 07.02.2023год. , вторник, во Основното училиште „Св.Климент Охридски“- с.Драчево,Кисела Вода Скопје, учениците од VI и VII одд. по повод недела на Информатиката, под менторство на наставничката по информатика Бојана Мушкарска го одбележаа Светскиот ден „Безбедно на Интернет“.
Со ученици од седмо и шесто одделение се разговараше како правилно да се однесуваат на Интернет, со читање и дискусија на прашањата дадени во презентацијата.
Учениците од седмо одделение го решаваа квизот од Kahoot и го кодираа своето име со помош на бинарни броеви.Додека пак покрај учениците од седмо и со учениците од шесто одделени го гледавме и коментиравме видеото со наслов-Онлине грабливци : Опасна средба на You Tube.
Учениците од 6то и 7мо одделение пројавија особен интерес за QR предизвикот: се трудеа да ги откријат кодираните прашања кои ги добија испечатени на лист. Прашањата беа во вид на QR кодови. Учениците работеа во мали групи, при што до израз дојде натпреварувачкиот дух помеѓу учениците и групите. Исто така голем интерес за учениците беше и Feeling барометарот каде што и самите даваа предлози за пораки кои ги повредиле и пореаки кои ги добиваат секојдневно од двоите соученици,за некои навредливи за некои не.
Учениците од 6то одделение ги проследија и презентациите „Моќта на фотографијата“, при што се разви продуктивна дискусија и учениците јасно ги разбраа пораките од презентациите.Додека пак учениците од 7мо одделение како задача за време на часот добија задача да изработат приказна,анимација или игра во визуелниот програмски јазик Скреч што за нив претставуваше многу интересен предизвик и се разви натпреварувачкиот дух меѓу учениците.
Оригами е традиционална јапонска вештина за правење уметнички фигури со виткање на хартија. Зборот оригами, потекнува од ору што значи виткање и гами што значи хартија. Квадратната хартија вообичаено има површина од 15 cm x 15 cm и постои во разни бои или јапонски дизајни.
Активности од изборен предмет ,,Оригамии,, Креативни како и секогаш учениците од V2 одд.