Monday, 31 October 2022

Часови на отворено на 2-1 и 2-2 одделение

 


















Денес 31.10.2022, II1 и II 2 ги искористија убавото време и беа на посета на блиската околина. Часовите беа реализирани на отворено на местото Три Круши.

Sunday, 30 October 2022

Награден мултимедијалниот ИКТ проект на 9-1 „Рацин – поет на болката и љубовта“

 


На 4.11.2022 жири комисијата на 55 Рацинови средби ја додели втората награда на мултимедијалниот ИКТ проект кој го изработија учениците на  9-1 одделение под водство на нивниот ментор Валентина Трајкоска. Честитки за учениците и нивната наставничка.









Медиумска култура- гледање на филмот „Брат ми брка диносауруси"



На 26.10.2022 учениците од предметна настава организирано го посетија киното Милениум и таму го гледаа филмот Брат ми брка диносауруси. 

Филмот има награда за најдобар филм за млада публика на Европската филмска академија во 2020 година.

 режија: Stefano Cipani

улоги: Alessandro Gassmann, Isabella Ragonese, Rossy de Palma, Francesco Gheghi

премиера: 10.7.2021
времетраење: 101′
земја: Италија, Шпанија
жанр: Комедија, семеен

Џек отсекогаш посакувал да има помал брат со кого ќе си игра и кога Џио ќе се роди, неговите родители ќе му кажат дека неговиот брат е „посебно“ дете. Тогаш Џио станува суперхерој со волшебни моќи во имагинацијата на неговиот поголем брат, како што се суперхероите од стриповите. Со време, Џек ја дознава вистината: неговиот брат има Даунов синдром, и одлучува ова да го чува како тајна. Кога ќе тргне во средно училиште и ќе ја запознае својата прва љубов Аијана, тој го крие постоењето на Џио од неа и од своите нови пријатели. Но набрзо вистината излегува на виделина и Џек сфаќа дека енергијата и виталноста на Џио се заразни.

Saturday, 29 October 2022

Посета на петтодделенците на музеј, спомен куќа и експозитура на НЛБ

 




























На 28.10.2022 петтодделенците од ООУ. Св. Климент Охридски го посетија Музејот на македонската револуционерна борба каде се запознаа со различните периоди на борбата на нашите револуционери низ историјата. Потоа се упатија кон спомен куќата на Мајка Тереза во центарот на градот. Посетата продолжи и во експозитура на банката НЛБ каде се запознаа со банкарското работење.